Денеска (02.04.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А., постапувајќи по пријава од 01.04.2023 примена во 21:00 часот од страна на вработена во СОС Детско село на подрачјето на Гази Баба.
Според пријавата, тој и женско лице А.З. од кругот на установата земале малолетничка, лице со здравствени проблеми.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, Г.А. бил пронајден, приведен и задржан, додека за А.З. е распишан централен распис, а малолетничката е вратена во установата.
Известен е Центарот за социјални работи Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.