ПОДОБАР ОД ОБИЧЕН ПУДИНГ И СО НЕОДОЛИВА НОТА НА КОКОС: Направете го превкусниот КЕШКУЛ, традиционален турски десерт

Кешкул е вид на млечен пудинг со потекло од Турција. Најчесто се служи во помали чинии. Често е украсен со кокосово брашно или ф’стаци и има белузлава боја.
Името на јадењето е изведено од османлискиот турски термин „просјачка чинија“. Иако ова првично беше скромен десерт подготвен од турски домаќинки, стана едно од најпопуларните слатки, пишува Matter of Taste.
Состојки:
литар млеко
1 шолја шеќер
40 гр кокос
1 лажица путер
1 лажица брашно
1 кесичка ванилин шеќер
200 гр сечкани ореви, бадеми или лешници
Подготовка:
Во тенџере се прелива млекото, па се додаваат кокосот, ванилиниот шеќер и шеќерот. Ставете го брашното, сè добро соединете да нема грутчиња и варете на тивок оган со постојано мешање. Внимавајте шеќерот убаво да се растопи, да не изгори на дното.
Кога ќе зоврие додадете го путерот и мешајте додека не се растопи. Добиениот фил истурете го во помали чинии за пудинг кои претходно сте ги навлажниле.
Оставете го да се излади, па украсете го со сечкани ореви, бадеми или лешници. По желба можете да додадете и сечкано овошје по избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.