Познат доктор открива кој појадок го здебелил 10 килограми: „Мислев дека се хранам здраво, а потоа видов ужасни промени“

Тој со години верувал дека јаде здрав појадок, а потоа ги воочил промените кои се лоши по неговото здравје.
Во една од своите бројни епизоди за исхрана кои ги емитува на Јутјуб каналот, популарниот доктор Тим Спектор говори за појадокот за кој сфатил дека му нанесува штета.

Првиот оброк во денот се смета за најважен затоа што претставува предуслов за добар почеток на денот.

Кога истиот ќе се прескокне, уморот во текот на денот е неизбежен затоа што на мозокот и телото им недостасува енергија за правилно функционирање.
Доктор Спектор споделил лично искуство и открил дека поради појадокот којшто го консумирал 10 години – се здебелил 10 килограми.
Забележал зголемување на шеќерот во крвта по секој појадок иако сметал дека се храни здраво. Оброкот се состоел од тост лепче и мармалад, шолја чај и чаша цеден сок од портокал.

Кога ќе испиете сок од портокал или било кој друг сок, шеќерот од сокот го зголемува нивото на серотонин (хормонот на среќа) што ве прави среќни на кратко, но вие сте целосно без елан. Поради дејството на инсулинот којшто се активира при внесување на сок, за кратко време ќе дојде до пад на шеќерот и енергијата. Тоа го навело да проба да јаде друга комбинација, следејќи што на неговиот организам му годи.
Истовремено, организмот на неговата сопруга не реагирал на ист начин на истиот вид на појадок. Затоа ја нагласил важноста на индивидуалното експериментирање кога станува збор за изборот на појадок. По истражувањата, докторот дознал каков појадок најмногу му одговара и има подобар ефект на неговото тело.

Одлучил за појадок да јаде оброк којшто е богат со масти, па така по правило консумира полномасен јогурт со јаткасти плодови, семки и овошје.
„Наутро јадам полномасен јогурт со малку јаткасти плодови и семки и додавам овошје, без оглед на тоа дали е замрзнато или свежо. А, чајот го заменив со кафе“, изјавил докторот и додал дека резултатите се совршени.

Изгубил повеќе килограми, а шеќерот во крвта е стабилизиран.
„Беше тоа радикална разлика. Немав зголемување на шеќерот во крвта. Исто така немам чувство на глад во 11 часот, како што се чувствував претходно“, раскажал д-р Тим.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.