Поинаква сочна мусака за ручек

Потребни состојки:
600 gr компири
300 gr мелено месо
1 кромид
1 морков
сушена сечкана сланина
4-5 чешниња лук
малку мелена црвена лута и слатка пиперка
мелен бибер
масло
2 јајца
1 лажица кисела павлака
150-200 ml млеко

Подготовка:
Кромидот ситно исецкајте го, како и морковот и сечканата, сува сланина, па пропржете на масло.
Додадете мелено месо, па динстајте 20 минути. Додадете зачини, мелен бибер, пиперка и лук.
Исечкајте ги компирите на тенки парчиња. Намачкајте ја тавата со масло и ставете половина од компирите. Остатокот од месото ставете го на средина и покријте го со остатокот од компирите.
Изматете две јајца, додадете една лажица павлака, додадете млеко, изматете и прелијте ги компирите. Печете на 220°C околу 60 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.