Полицијата сепак ги обезбедила снимките од Боемска од синојќа
Јавното обвинителство извести дека синоќа издале барање за обезбедување на потребните податоци – видеозаписи од надзорни камери за настанот на улицата „Боемска“ во Скопје. Потоа врз основа на ова барање постапила полиција која на лице место се задржала безмалку цела ноќ.
Две работи се клучни во врска со овој настан. Прво спречувањето на инспекторите да извршат надзор. И второ, неочекуваното откритие дека во затворениот дел, каде што според регулативата не смее да се послужува бил Мицковски. Тој денеска го призна своето присуство.
Потоа е направен обид да се сокријат снимките на кои може да се види што се се случувало. Но, според информациите полицијата сепак ги пронашла снимките.
Во моментите кога Мицковски си заминал, неколку часа подоцна веќе ситуацијата добила сериозни димензии и повикана е и ЕБР полицијата која ја блокирала Боемска.
ЕБР ја блокирала кафаната на „Боемска улица“, се бараат снимките дали навистина Мицковски бил таму
Претходно известивме дека во една од кафеаните на Боемска во внатрешниот дел се наоѓа Мицковски, спротивно на регулативите за ширење на епидемијата…
Мицкоски го упецаа повторно. Овој пат во затворен дел од кафеана на „Боемска улица“
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.