ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
замрзнато лиснато тесто
јагоди
сируп од јагоди
шеќер во прав
ПОДГОТОВКА НА РЕЦЕПТОТ
Замрзнатото тесто оставете го во ладилник преку ноќ постепено да се одмрзне. Така одмрзнато ставете го на малку набрашнета површина и со сукалка расукајте го без многу да го притискате за да добиете кора со дебелина од 5 мм.
Со помош на кружна модла за колачи или друга кујнска алатка исечете кругови со дијаметар од 8 цм. На секој круг со остар нож направете засеци со должина од 4 цм. од надворешниот дел кон внатре на четири места.
Во калапи за мафини ставете по еден круг тесто и нежно притиснете го со прстите на дното и страните притоа оформувајќи корпички. Во секоја вдлабнатина ставете прстофат шеќер во прав.
Ставете ги корпичките да се печат во претходно загреана рерна на 220°C околу 10 минути, па потоа намалете ја температурата на 190°C и печете додека корпичките убаво поруменат.
Печените корпички оставете ги целосно да се изладат. Полнете ги пред послужување за лиснатото тесто да остане суво и крцкаво. Во секоја корпичка ставете по една лажица сируп од јагоди и по една цела свежа јагода со врвот свртена за нагоре.
Со помош на цедалка наросете ги малку со шеќер во прав и послужете. Лиснатото тесто најдобро е да се приготвува непосредно пред да се конзумира.