Жулиен е едно од највкусните француски јадења, на чиј вкус ретко некој останува рамнодушен, а денес ви претставуваме токму рецепт за истото, само со мала измена, вкусната смеса да биде сместена во топло лепче! Еве како лесно да го приготвите!
Состојки
2 кружни лепчиња
5 средно големи печурки
1 пилешко филе
100 гр кашкавал
400 мл пресно млеко
4 супени лажици брашно
30 гр путер
По вкус сол и мелен црн пипер
Начин на подготовка
Исечете го пилешкото филе на коцки. Исчистете ги печурките и исечете ги на коцки. Изрендајте го кашкавалот. Запржете го пилешкото филе со малку масло за готвење. Одделно, испржете ги и печурките.
Пригответе бешамел сос. Во загреан сад, растопете го путерот, додадете го брашното и добро измешајте, додека брашното лесно да се запече. Бавно додадете го млекото, непрекинато мешајте, за да не се формираат грутки. На крај зачинете со сол и мелен црн пипер. Сосот е готов.
Извадете ја средината од лепчињата и внатрешноста премачкајте ја со сосот. На дното поставете ред од пилешкото филе, потоа зачинете со сол и уште сос. Одозгора поставете ги печурките и повторно нанесете од сосот. На крај додадете многу од ренданиот кашкавал.
Поставете ги лепчињата да се печат 15 минути на температура од 190°C.