Полнети модри домати

Состав
• 2 модри домати
• 1 главица кромид
• 2 чешниња лук
• 200 гр свежи шампињони
• 1 тиквица
• 5 лажици доматно пире
• сирење по желба (било кое млечно сирење)
• 1 домат или неколку шери домати
• зачини по желба (сол, црн пипер, босилок, мајчина душичка)
• масло за јадење

Модрите домати ги сечеме на половина по должина и ја вадиме внатрешноста. Вака празни ги ставаме на хартија за печење и ги посолуваме, попрскуваме малку со масло за јадење и ги ставаме 10 минути на 180°Ц. Во меѓувреме ги пропржуваме кромидот и лукот и потоа ги додаваме ситно исецканите печурки и малку вода и динстаме неколку минути. Кон ова ја додаваме внатрешноста од модрите домати, ситно исецкана, и ситно исецканата тиквица. Мешаме и додаваме зачини и оставаме да се динста 10-тина минути. Потоа додаваме доматно пире и динстаме уште неколку минути. Со оваа смеса ги полниме модрите домати и ставаме кругови од доматите. Ги оставаме да се печат на 180°Ц, 10-15 минути. Потоа при крај ги редиме кришките сирење и допекуваме уште неколку минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.