Наместо класични панцероти од тесто, направете си ги од компир, а наполнете ги со салама, пармезан и вкусни додатоци по желба.
Рецептите со компир немаат крај, а овој може да си го додадете на листа на омилени.
Потребни состојки:
600g варени компири
100g пармезан
2 лажици маслиново масло
250g брашно
Магдонос
Сол и бибер
Салама и кашкавал по желба
Начин на подготовка:
Сварете ги компирите, изгмечете ги и додадете зачини.
Додадете маслиново масло, пармезан и постепено додавајте од брашното.
Измешајте ја смесата со лажица па со раце, а потоа развлечете ја со сукало на работна маса. На рацете имајте брашно за да не ви се лепи смесата.
Направете кругови со поголема чаша или сад.
На кружните исечоци редете парче салама и кашкавал, преклопете на пола и на краевите притиснете неколку пати со прстите.
Ставете ги на тава и пржете ги 4 минути на секоја страна, на малку маслиново масло или печете ги 20 минути на 180 степени.