Потребни состојки:
500 г кравјо сирење
100 г горгонзола
4 големи пиперки
1 јајце
1 лажица оригано
2 лажици маслиново масло
Сол
Начин на подготовка:
Варете ги пиперките околу 5 минути во солена вода, а откако ќе ги извадите веднаш ставете ги во ладна вода. Исечете ги по должина и исчистете ги од семки.
Со миксер изматете го кравјото сирење со јајце, горгонзолата на ситни коцки и зачин.
Распоредете го сирењето во пиперките и печете на 200 степени околу 20 минути. Добар апетит!