Полнети пиперки со ореви

Посни полнети пиперки печени во рерна.

Потребни состојки:
15 црвени пиперки
2 големи главици кромид
200 г свежи моркови
100 г крупно мелени ореви
5 полни раце ориз
доматен сос
3 дл масло, овие пиперки бараат многу масло
сол, бибер, сув зачин
3 до 4 лажици брашно
100 г сварени, па рендани компири


Начин на подготовка:
Во длабок сад сипете масло, околу 1,5 дл, па додадете ги ситно исечканите кромид и морков.

Кромидот и морковот пропржете ги во масло на умерена температура додека не станат кашести. Мора постојано да се меша и по потреба да се додава масло.
Потоа додадете ореви. Промешајте и пропржете малку за и јаткастите плодови да пуштат маснотија.

Потоа додадете доматен сос, зачини и пржете додека не се соедини, повторно додавајќи малку масло за да не биде суво. Додадете го оризот и сè заедно пропржете уште неколку минути.
На крајот додадете ги ренданите компири, нежно промешајте и тргнете од шпоретот.

Пиперките измијте ги и откако ќе се исушат исчистете ги, за да се филуваат.
Наполнете ги пиперките со полнење помалку од половина. Во секоја пиперка ставете по половина лажичка брашно, за да не излезе филот при печењето. Може да се затворат и со парче домат.

Наредете ги во тепсија, полијте со топла вода до горе и притиснете ги со лимена чинија, па дури потоа поклопете со капак. Варете на умерена температура додека не биде готово.
Вклучете ја рерната на 200 степени, ставете ги пиперките во рерна да се запечат, внимавајте да останат и малку меки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.