4 помали тиквички
500 г мелено, варено пилешко месо
75 г ориз
1 главица кромид
50 г путер
1 јајце
1 лажица брашно
1 лажица црвен пипер
400 мл пилешка супа од коцка
масло, сол и црн пипер по вкус
Тиквичките исечете ги на ½ по должина, издлабете ги и наредете ги во тава за печење.
На загреано масло испржете го исечканиот кромид, додадете го меленото пилешко и испржете. Потоа додадете го оризот, зачинете и тргнете од оган. На крајот додадете го јајцето, промешајте и со филот наполнете ги тиквичките.
Брашното испржете го на растопениот путер, и додадете ги црвениот пипер и супата од коцка. Откако сосот ќе се згусне прелијте ги тиквичките и печете во рерна 40 минути на 200 степени.