Немате поим колку ми беа интересни на пазарот, па иако не ги јадам, не можев да одолеам а да не купам и решив за прв пат да спремам нешто што нема јас да го пробам.
Шампињоните се лупат и им се вади дршката, па се мијат.
Дршките се сечкаат многу ситно и се запржуваат со пченката.
Откако ќе омекнат им се додава туната со маслото и парчињата топено сирење.
Се посолува малку и кој сака зачини можи да додај малку лук во прав и оригано. Јас додадов и чаден црвен пипер на крајот мислејќи дека ќе добијам подобар вкус, не ставајте, тие што ги јадеа рекоја дека е вишок и ги прави тешки за јадење.
Ствавете ги во помал сад за печење, попрскајте ги маслиново масло и печете на 200С 10-15на минути.