Мировните предлози на рускиот претседател Владимир Путин ја загубија својата важност по офанзивата на Вооружените сили на Украина во Курската област!
Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, наведува дека Москва и дала „дарежлива понуда“ на Украина во јуни.
– Иницијативите ја загубија силата откако пред една недела украинските власти избраа ескалација со напад на регионот Курск. Украина горко ќе жали за навлегувањето во Курската област – рече Пољански.
Украинскиот портал Страна потсетува дека во пресрет на швајцарскиот мировен самит, Путин претстави мировни предлози кои вклучуваат целосно припојување на регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон кон Русија, како и неутрален статус и демилитаризација на Украина и официјален статус на рускиот јазик.