Малкумина знаат како се запознале Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ. За пронаоѓањето на сродната душа, Вељко може да и се заблагодари на својата сестра Анастасија Ражнатовиќ
Ќерката на Цеца првпат ја запознала Богдана на Копаоник и веднаш знаела дека е идеална за нејзиниот брат.
– Точно е дека јас бев сродник во средбата со Вељко и Богдана. Ја видов на Копаоник, не ја ни познавав и само и пријдов и реков дека е убава. „Мислам дека си одлична девојка за брат ми, тој е луд и треба да се смири, ти си вистинската“, ѝ рекла Анастасија.
фото инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
-Тогаш рече дека не се ни познаваат, а кога ги запознав првпат го малтретираше. Беше шокиран, бидејќи беше навикнат секоја девојка да му паѓа пред нозете. Следниот пат кога повторно ги составив, и реков да ја спушти топката. Потоа се бакнаа и повеќе не се разделија – откри Анастасија.
Денеска тие живеат хармонично и среќно а пред неколку дена Вељко сподели со следбениците на Инстаграм дека повторно ќе стане татко.
фото инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
Неговата сопруга е бремена, а на пролет ќе се роди третиот наследник на славниот пар.
фото инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
Откако се оствари во улога на татко, Вељко е целоснно посветен на семејството и сосема се откажа од ноќниот живот и излегувањето до зори.
фото инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
– Шест години никаде не можат да ме видат. Секој може да посведочи за тоа. Никогаш не излегувам, особено не во кафеана. Дома можам да соберам драги луѓе кога има некој важен датум, да славиме и да се забавуваме, но не можам да се дружам по кафеани. Прво, не му одговара на оженет маж со дете и спортист. Имам два тренинга дневно, здраво јадам и одморам“, објасни Вељко, кој ужива во земјоделството.
фото инстаграм/ Богдана Ражнатовиќ
– Јас сум земјоделец. Господ ми даде се што сакав и би било апсурдно да се жалам на мојот начин на живот, кој е семејно ориентиран, спортски, кој не отстапува од таа норма – неодамна изјави Ражнатовиќ.