Отсега ќе можете рачно да ги исфрлите луѓето од вашата листа на следачи.
Инстаграм ја тестира новата функција која ќе им овозможи на корисниците на платформата рачно да ги исфрлат луѓето од листата на пријатели.
Instagram now lets you manually remove followers!?!
h/t @blueasyraff pic.twitter.com/McIXETlR7I
— Matt Navarra (@MattNavarra) July 17, 2018
Кога ќе влезете на листата и ќе ги исфрлите, тие веќе нема да можат да ги гледаат вашите фотографии, видео записи и приказни (Story), без известувања.
Засега, се чини дека експериментот е ограничен само на одредени јавни профили на Андроид – но големиот број луѓе кои ја добиваат новата функција постепено се шири.
Корисниците кои ги поставиле своите профили на приватно (што значи дека е потребно да го прифатат секое барање на корисниците за да би можеле да ги гледаат нивните објави), долго време имаа опција да ги „исфрлат“ следачите, така што можеа да блокираат.
За да видите дали ја имате оваа опција одете на почетната страна на својот профил на апликацијата и изберете листа на следачи. Сега би требало да видите три вертикални точки веднаш до секој профил, кликнете на нив и ќе ви излезе прозорче со опција да го исфрлите тој следач. Последниот чекор е да кликнете „remove“.