Јагодите се богати со антиоксиданси и се многу важни за здравјето на срцето. Тие содржат витамин Ц, калиум, влакна и мал број на калории. Меѓутоа, нивната прекумерна консумација може да биде погубна за еден дел од вашето тело.
Многу намирници, вклучувајќи ги и јагодите, се богати со фолна киселина, а редовното консумирање на кисели намирници може да доведе до ерозија на забите. Станува збор за состојба која го уништува заштитниот слој на нашите заби.
Уништената глеѓ не се обновува и тоа може да доведе до бројни дентални проблеми, но за среќа постојат работи кои можете да ги правите за да ги заштитите забите:
Јадете паметно
Консумирајте ги јагодите со намирници кои не се кисели и имаат низок процент на шеќери. Оревите, спанаќот, бананите, јаболката и млечните производи се одличен избор.
Не ги консумирајте во текот на целиот ден. Почекајте неколку часа откако ќе ги изедете јагодите за плунката да ја неутрализира киселината и да ја заштити забната глеѓ.
Исперете ја усната шуплина по јадењето
Испирањето на усната шуплина со вода ја неутрализира киселината.
Не ги мијте забите
Абразивите во пастите за заби можат дополнително да ја ослабнат глеѓта. Почекајте барем 30 минути пред да ги измиете забите.