Живееме во свет полн со нервози, живееме во време во кое сѐ почесто гледаме намуртени лица, а насмевката е вистинска реткост. Луѓето кои често се смејат се вид во изумирање.
Постојано пресметуваме, размислуваме, не го цениме она што го имаме. Животот без насмевки е празен живот.
Кога ќе остареме, кога годините и младоста ќе бидат далеку зад нас, нема да помниме колку пари сме имале на сметка или кој нѐ изнервирал пред 20 години за некаква ситница, ќе ги помниме моментите кога сме се смееле од срце, кога сме се смееле на цел глас, кога цело тело ни се тресело од смеење.
Затоа е подобро да имате што е можно повеќе вакви спомени! Не дозволувајте да имате бар блесоци и спомени кога се смеете наспроти моменти кога сте се муртеле за глупости.
Смеј се често, смеј се од срце! Тоа е лек за умот, телото, срцето и душата!