Денеска во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, Милан го пречекува Тотнем, а последниот меч меѓу овие екипи на Сан Сиро се памети по инцидент, не по фудбал.
Тоа беше пред повеќе од десет години, тогаш Тотнем го победи Милан на негов терен со 1-0 со гол на Питер Крауч, но фудбалската публика повеќе го памети инцидентот кој што се случи, отколку резултатот
Тогашниот асистент на Тотнем, Џо Џордан го провоцирал Џенаро Гатузо во текот на мечот, барем такви се изјавите на Италијанецот. По последниот судиски свиреж на Гатузо му пукна филмот и тргна во физичка пресметка со Џордан по што настана вистинска мешаница на теренот.