Посна крем торта која се топи во уста

Посна крем торта ќе ве воодушеви со својот вкус. Не ви требаат јајца или млеко, а во вкусот загарантирано ќе уживате.

Состојки:
300 гр мелени бисквити
100 гр маргарин
100 мл од кој било сок

Фил:
1 литар вода или млеко од соја
160 гр, тоа се 4 кесички пудинг од ванила
10 лажици шеќер
250 гр маргарин
200 гр шеќер во прав или по вкус
200 гр мелени ореви
100 – 200 гр чоколадо
150 гр шлаг (посен, на база на соја)
300 мл газирана вода

Посна крем торта која се топи во уста

Подготовка:
Пудингот и шеќерот се мешаат со малку ладна вода, а остатокот од водата се става на оган да зоврие. Сварете го пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го од оган, па додадете (по желба) малку екстракт од ванила. Потоа покријте со кеса или фолија и оставете да се излади.
Додека пудингот се лади, направете ја кората. Во бисквитот се додава растопениот маргарин и сок, убаво се меша, а смесата треба да биде ронлива. Истурете го во калапот, рамномерно нанесете и притиснете го целото со шпатула или чаша.

Откако ќе се излади пудингот се матат со маргаринот и шеќерот во прав. На половина од пудингот додадете маргарин. Изматете, па додадете го остатокот и повторно изматете.
Изматете го шлагот со газирана вода, па додадете малку фил и соединете. Потоа додадете ги оревите и ренданото чоколадо и сè соединете. Над кората се става целиот фил, се израмнува и се става во фрижидер да се стегне, па се украсува со останатиот шлаг или се прави веднаш. Колачот мора да стои во калапот додека не се стегне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.