ПОСНА ПЕСОК ТОРТА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ!

Тортата е многу цврста, кремаста, вкусна и воопшто не остава впечаток дека е посна… Пробајте ја, нема да зажалите!

Состојки:
литар и половина кокосово млеко
шест кесички пудинг од ванила
500 гр шеќер
два маргарини
три кесички ванилин-шеќер
300 гр посни мелени бисквити
300 гр кокосово брашно
300 гр мелени ореви
80 гр чоколадо за готвење
лажица масло

ПОСНА ПЕСОК ТОРТА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ!

Подготовка:
Во големо тенџере истурете литар кокосово млеко и ставете го да се вари. Во преостанатото млеко измешајте ги пудингот и шеќерот, додадете ги во тенџерето и варете непрекинато мешајќи додека смесата не почне да се згуснува. Тргнете од оган, веднаш додадете го маргаринот и мешајте додека не се растопи.
Добиената смеса поделете ја на три дела и малку изладете ја. Во првиот дел додадете кесичка ванилин-шеќер и мелени бисквити и убаво измешајте. Во вториот дел измешајте кесичка ванилин-шеќер и кокосово брашно. Во третиот дел додадете го преостанатиот ванилин-шеќер и мелените ореви и сето тоа убаво измешајте го.

Во тркалезен калап за торта прво истурете ја смесата од бисквити, па смесата од кокос и на крај смесата со ореви. Чоколадото растопете го на пареа со лажица масло, прелијте го колачот со глазурата, па ставете го во фрижидер да се излади и стегне.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.