Еден од најголемите христијански празници е пред нас, но пред тоа доаѓа Велики петок. На тој ден сите верници постат, па домаќинките се трудат на своето семејство да му подготват вкусни и убави посни јадења.
Едно од јадењата што може да одговара на вкусот дури и на зачинети јадења со месо е секако питата со праз. Ако вашето семејство го сака овој вкусен и здрав зеленчук, сега е вистинското време да пробате еден одличен рецепт.
Домаќинките кои ја направиле велат дека буквално исчезнала од масата додека да трепнете. Пробајте.
Ви треба:
500 гр праз
150 гр ориз или кускус
100 ml минерална вода
100 мл масло, 75 мл за пржење 25 мл за преливање на кората
500 гр кора за пита
сол, бибер, сув зачин по вкус
морков
Подготовка:
Оризот измијте го и потоа ставете го да се свари. Ако сакате кускус, тоа е уште подобра опција. Се готви пократко и питата е поконзистентна.
Откако ќе подготвите ориз или кускус, земете тавче и прелијте со неколку лажици масло. Исечете го празот на што потенки прстени и пропржете го на тивок оган.
Додадете еден рендан морков и пропржете го заедно со празот. Кога ќе омекне, додадете ориз или кускус и зачини.
Направете прелив од кисела вода и масло во чаша. Потоа едната кора попрскајте ја со неа, па растурете го филот по целата кора, потоа ставете ја другата кора, попрскајте ја со мешавина од кисела вода и масло и истото направете го со филот.
Постапката повторете ја со третата кора. Завиткајте ја питата во ролат, ставете ја во плех и печете околу половина час на 220 степени.