ПОСНИ ТОПЧИЊА СО КИКИРИКИ! 6 состојки, многу вкусови!

Станува збор за солени топчиња од кикирики кои на крајот треба да се печат во рерна, а кои можат да послужат како предјадење или ужина, особено во посните денови. Брзо се подготвуваат, а уште побрзо се јадат …

Што се случи со Бјанка? Луѓето со чудење ја гледаа сопругата на Канје Вест на улица: По оваа сцена добро ќе ги истриете очите (фото/видео)
Бјанка Ценсори неодамна беше фотографирана во Дизниленд, а сите беа изненадени од нејзиниот стајлинг.  Сопругата на Канје Вест беше забележана во Дизниленд во Анахајм, каде уживаше во ВИП третманот во забавниот парк.Бјанка издвои сериозни пари …
Николоски: Претходното раководство на Македонски пошти планирало да ја издаде централната зграда за ресторан со кабаре
Претходното раководство на Македонски Пошти планирале да го издадат објектот на централната зграда за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по денешната посета на седиштето на ЗЕЛС. Наспроти …


СОСТОЈКИ:
350 гр брашно
200 гр мелени несолени кикирики
кесичка прашок за пециво
лажичка сол
250 гр маргарин (кој не пости може да додаде путер)
50 до 100 мл кисела вода
Подготовка:
Во сад измешајте ги брашното, мелените кикирики, пецивото и солта. Во посебен сад измешајте го маргаринот да стане пенест, па додадете го брашното со кикириките и киселата вода, продолжувајќи со матење. Од добиеното тесто, кое треба да биде меко, одвојте парчиња и обликувајте топчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги на 200°C околу 20 минути. Печените топчиња извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да се изладат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.