Постигнат договор за платите меѓу раководството и синдикатот на германската железница

Раководството и синдикатот на германската железница Дојче Бан постигнаа договор според кој 130.000 работници на оваа компанија ќе добија зголемување на платите за шест проценти во следните 19 месеци, соопшти компанијата.Работниците ќе добијат поголеми плати за три проценти од 1 мај оваа година, а платите ќе им бидат дополнително зголемени исто за три процента од 1 април следната година, додаде компанијата, јавува АФП.Работниците, исто така, ќе добијат еднократен надомест од 500 евра.Договорот е постигнат една недела откако синдикатот одржа петчасовен штрајк, кој предизвика доцнење на возовите и одложување на сообраќањето на одделни линии.
МакфаксРаководството и синдикатот на германската железница Дојче Бан постигнаа договор според кој 130.000 работници на оваа к

Пронајдете не на следниве мрежи: