Дали секој ден чувствувате замор? А, здрави сте и ништо не ви фали? Можеби крива е временската зона во која живеете.
Секој ден станувате после 7-8 часовен сон, а сепак се чувствувате уморни, немотивирани и сакате само да лежите. Имате мислење за себе дека сте мрзеливи. Пробувате разни начини за да станете попродуктивни, но некоја невидлива пречка едноставно не ви дозволува да се ослободите од тој замор кој постојаво ве демне, како некоја верна сенка.
Можеби проблемот не е воопшто до вас, туку до временската зона во која живеете. Да, постои и таква теорија. Навистина интересна и заслужува внимание и понатамошно испитување.
Научниците открија дека временските зони можат да имаат негативен ефект врз здравјето, продуктивноста, па дури и на вашиот паричник.
Токму затоа пробајте да откриете дали живеете во погрешна временска зона.
Зошто тоа има врска? Затоа што, на пример, 20:00 часот во Македонија и 20:00 часот во Шпанија, иако се во иста временска зона (централно-европска), сепак се многу различни и тоа поради географската разлика на двете земји. Затоа, пак, 20:00 часот во Македонија е 21:00 часот во Грција, која е многу поблиску до нас, а е друга временска зона.