Дали сте навикнати да ги лупите јаболката и потоа да ја фрлите нивната лушпа?
Имено, лушпата од јаболката е многу корисна за различни намени, не само за работи околу домот, туку и за креирање на интересни рецепти.
Еве неколку примери како може да ја искористите лушпата од јаболко:
Чистење на алуминиумски предмети: Лушпата од јаболко може да ја користите за чистење на алуминиумски предмети. Ставете ја лушпата од јаболко во тенџере со вода и потопете ги алуминиумските предмети кои сакате да ги исчистите. Варете околу половина час на умерена температура. Потоа оставете ги предметите да се исушат и ќе забележите дека лушпата од јаболко ги исчистила.
Освежувач: Лушпата од јаболко може да послужи и како природен освежувач на просторот. Исушете неколку лушпи од јаболко на сонце, ставете ги во платнена вреќичка и додадете малку цимет. На тој начин ќе добиете одличен природен освежувач којшто може да се користи и во ормарите и комодите.
Направете чипс: лушпата од јаболко лесно може да ја претворите и во вкусен чипс. Помешајте ги лушпите со малку путер, додадете малку сол, цимет и шеќер. Распоредете ги лушпите на хартија за печење и печете на 200 степени Целзиусови околу 12 минути додека не заруменат. Уживајте во прекрасниот вкус.