Потребни состојки:
70 г презла
1 лажичка сушено оригано
Половина лажичка буковец
2 главици кромид
2 лажици млеко
1 јајце
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте презла и оригано, буковец, сол и бибер. Во друга чинија изматете јајце со млеко. Излупете го кромидот и исечете го на кругови и секој од нив одвојте го. Секое парче ставете го во смесата со јајца, а потоа извалкајте го од сите страни во презла. Загрејте ја рерната на 180 степени.
Печете ги околу 15 минути. Послужете ги со сос по желба.