8 ГОДИНИ ПОТОА. МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ И ПОНАТАКА ТАГУВА ЗА ЗАГУБЕНИОТ БРАТ КОЈ ПОЧИНА ПРЕРАНО

8 ГОДИНИ ПОТОА. МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ И ПОНАТА ТАГУВА ЗА ЗАГУБЕНИОТ БРАТ КОЈ ПОЧИНА ПРЕРАНО… Полубратот на Марија Шерифовиќ кој нејзиниот татко го доби во вонбрачна врска го знаете сите.

8 ГОДИНИ ПОТОА. МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ И ПОНАТА ТАГУВА ЗА ЗАГУБЕНИОТ БРАТ КОЈ ПОЧИНА ПРЕРАНО

Данијел Павловиќ јавноста го запозна кога во 2008 година се појави во музичкото шоу „Операција триумф“ каде се натпреваруваше и нашиот Александар Белов.

Она што на публиката ѝ е помалку познато, е дека српската евровизиска победничка има уште еден полубрат, Душан Шерифовиќ, кој, за жал, почина во 2013 година по долго и тешко боледување. Имаше 42 години.

„Живееше со татко му. Имаше проблеми со срцето, уште како бебе беше опериран во Лондон. Ми кажаа дека едвај го преживеал тој зафат. Константно беше под терапии“, своевремено откри негов пријател.

Марија за својот брат, првпат зборуваше во емисијата „На терапија“.

„Душан ми беше брат од првиот брак на татко ми. Беше една бескрајно добра и посебна душа“, кажа Шерифовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.