Почина еден од креаторите на „Том и Џери“ и „Попај морнарот“

Во Прага денеска почина Јуџин Мерил „Џин“ Дејч, американски уметник карикатурист и режисер познат по развојот на ликовите од цртаните филмови „Попај морнарот“ и „Том и Џери“, соопшти денеска Холивуд рипортер.
Дејч работел и на такви анимирани филмови како „Хобит“, „Алиса во Париз“, „Силвестер и волшебниот кристал“ и „Блуфонци“.
Тој во Чешка живеел од 1959 година откако таму се оженил, и практично работел на американски анимирани филмови наоѓајќи се зад „железната завеса“, кога земјата беше позната како Чехословачка.
Дејч во 2003 година добил награда „Ени“ за живетон влог во уметноста на анимираните филмови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.