Почина калуѓерката Андре, најстарата личност на светот

Во францускиот град Тулон, во дом за пензионери, во сон починала 118-годишната калуѓерка Андре, најстарата личност на светот, објави Ројтерс.

Од април 2022 година, таа беше препознаена од Геронтолошката истражувачка група како најстарата личност во светот под нејзиното вистинско име Лусил Рандон, по смртта на тогаш 119-годишната Јапонка Кана Танака.

Лусил Рандон, или сестра Андре, го добила тоа име во 1944 година кога влегла во католичкиот ред на милосрдието. Таа е родена на 11 февруари 1904 година, а во текот на 2022 година била позитивна, но и преживеала инфекцијата со коронавирус.
„Велат дека работата убива, но работата секогаш ми помагала да живеам. Работев до 108 години“, изјави сестра Андре во интервју за медиумите минатата година кога и официјално беше прогласена за најстарата личност на светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.