Непријатното чувство од затнат нос влијае на општото расположение и го расипува фокусот врз работните активности. Едноставно без нормалното дишење човекот тешко функционира затоа што не е само уште една потреба за успешен ден, туку е и симптом што покажува дека има некакво здравствено нарушување.
Кај децата оваа појава е уште понепријатна, стануваат раздразливи и плачат. Најчестата причина се настинка или алергија, кои предизвикуваат оток на мукозната мембрана на носот и овој симптом поминува кога човекот или детето ќе оздрави.
Но, ако носот остане затворен и не се третира, тогаш може да биде причина за други заболување на синусите, а може да придонесе и за белодробни инфекции.
Воздухот треба непречено да се движи низ носот, затоа што кога се дише со подотворена уста воздухот навлегува во белите дробови без првата најприродна филтрација, каде воздухот исто така се загрева. Носот како орган има сериозна улога во превенцијата од настинки и други заболувања, односно ги спречува микроорганизмите да навлезат во телото.
Како да се ослободат дишните патишта?
Независно која е причината што носот е затнат и колку долго тоа ќе трае, убаво е веднаш да се почне со третман и на носот. Кога ќе се ослободи дишењето секој може во комфорно расположение да продолжи со дневните и работните активности.
Покрај традиционалните лекови, побрзи и поефикасни за справување со затнат нос се спреjови кои содржат состојки од категоријата на деконгестиви како ксилометазолин, оксиметазолин и други, кои ги стеснуваат крвните садови и со тоа го намалуваат отокот на мукозната мембрана во носот. RINOFF спрејот кој содржи ксилометазолин е производ на Галеника, која на македонскиот пазар е присутна речиси осум децении во кои со потрошувачите изгради релација со висока доверба благодарение на висококвалитетните производи што ги нуди.
Постојат и повеќе традиционални третмани за носот, кои во комбинација со спреовите може да помогнат носот побрзо да се врати во функција. Инхалациите се еден од најраспространетите домашни метод за третирање на носот, иако многумина го избегнуваат затоа што подолго време треба да се седи над сад со водена пареа. Сепак, неколку капки од масло од еукалиптус помага да се намали или ослободи конгестијата во носот.
За полесно дишење кога сте настинати, покрај спрејот добро е да ја подигнете и перницата. На тој начин полесно се дише.
Течностите се одлична препорака, како кога сте здрави, така и во период на настинка или друго воспаление. Вода, цедени сокови и чаеви може да бидат од полза за секој.
Дека настинките и алергиите се појави со кои често се соочуваат граѓаните покажа и националното истражување на Галеника за состојбата со здравјето и употребата на лекови во урбани и рурални средини во земјава, кое беше спроведено минатата година. Меѓу населението на возраст од 18-70 години, истражувањето покажува дека до домашната аптека меѓу најприсутните лекови се оние за настинка, воспалено грло и кашлица – 75 проценти, а производи против алергија ги има во домовите на 47 отсто од населението. И двете појави се рангираат високо меѓу најчестите акутни болести, односно 61 отсто се пожалиле на респираторните инфекции. И тоа 38 проценти се изјасниле дека со респираторни проблеми се соочуваат еднаш до три пати годишно, а 24 отсто рекле дека состојбата се повторува повеќе од четири пати годишно. Алергијата, пак, е присутна во анкетите на 36 отсто од испитаниците.