Добро е познато дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа истиот треба да биде добро избалансиран.
Намирниците кои ги внесуваме во организмот играат важна улога и одредуваат како ќе се чувствуваме во текот на денот. Нутриционистката Мери Клејн советува секое утро да го започнувате на овој начин и организмот ќе ви биде благодарен.
За припрема ви се потребни следните состојки:
– 1 јогурт
– 1 јаболко (исечкано на коцки)
– 1 лажичка мед
– 40-50 грама сечкани бадеми
– половина лажичка цимет
– 30 капки прополис
– 3 лажички овесни снегулки
– суво или свежо овошје по избор
Припрема:
Јаболкото ставете го во вода и варете додека не омекне, а потоа изблендирајте го за да направите каша.
Во друг сад, зовријте вода и во неа додајте ги овесните снегулки. Варете со постојано мешање додека не добиете хомогена смеса (околу 1 минута).
Потоа, помешајте го јаболкото со овесните снегулки и додајте ги сечканите бадеми, циметот, прополисот и медот. На крај додајте суво или свежо овошје по избор и појадокот е спремен.
Зошто овој појадок е толку добар?
Јаболкото го апсорбира холестеролот од храната и ја подобрува работата на дебелото црево. Изобилува со цинк кој го зајакнува имунитетот, а исто така е добар избор на витамин Ц благодарение на овошјето. Медот докажано поволно влијае на имунитетот, а јогуртот содржи корисни бактерии кои делуваат на здравјето на дигестивниот систем, а со тоа го зајакнуваат имунитетот.