Пратеникот на Социјалистичката партија на Србија Звонимир Стевиќ во тек на собраниска расправа гледал филм за возрасни на мобилниот телефон. Пратеникот беше „уловен“ од публиката во Собранието, а снимката се појави на социјалните мрежи и веднаш стана вирална не само во Србија туку и во целиот регион.
Иронијата е во тоа што ова се случува за време на расправата за европскиот план за Косово, додека претседателот на Србија Александар Вучиќ говорел за силните притисоци врз земјата, а самиот пратеник е со потекло од Косово и Метохија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.