Превкусен, а супер брз за приготвување: Рецепт за тестенини со ореви и магдонос

Како што ви е добро познато, песто сосот е традиционален специјалитет кој потекнува од Италија. Најпознатото песто е pesto alla genovese, кое се состои од свеж босилек, рендан пармезан, пињоли, лимон, лук и маслиново масло.
Превкусен, а супер брз за приготвување: Рецепт за тестенини со ореви и магдонос
Сепак, поради високата цена на пињолите, овој зелен сос често се прави со бадеми или ореви, а наместо босилек можете да користите магдонос. Доколку ги имате сите овие состојки при рака како и добар блендер, доволни ви се 15 минути за да го зготвите овој едноставен, а превкусен специјалитет.
Потребни состојки:
400 грама тестенини
65 милилитри маслиново масло
55 грама свеж магдонос
30 грама ореви
25 грама рендан пармезан
2 чешниња лук
сол по желба
Начин на подготовка:
1. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето.
2. Во меѓувреме направете го сосот. Во блендер ставете ги свежите листови магдонос, оревите, излупените чешниња лук, маслиновото масло и пармезанот. Мешајте сè додека не добиете мазна смеса. Пробајте го сосот и посолете по желба.
3. Измешајте ги сварените тестенини со пестото и веднаш послужете. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.