500 г кори за баклава
1 килограм јагоди
380 мл кисела павлака
500 г шлаг
200 г шеќер во прав
200 мл газирана вода
Шлагот изматете го со студената газирана вода, па додадете ги шеќерот во прав и киселата павлака. Мешајте додека не добиете крем. Во кремот додете ги и јагодите исечкани на кругови (или изгмечени).
Ставете една кора во тава, а потоа нанесете од филот. Повторете ја постапката два пати, па наредете јагоди. На истиот начин доредете го колачот додека не ги потрошите состојките.
Снежната кралица ставете ја во фрижидер и оставете ја во текот на ноќта. Ако ви се брза, ставете ја само два часа во замрзнувач пред да ја послужите.