ЗА КОЛАЧ
1 и ¼ чаша брашно
1 1/2 чаша шеќер
⅓ чаша какао
1 лажичка сода бикарбона
малку сол
1 чаша топла вода
1 лажичка екстракт од ванила
⅓ чаша масло
ЗА ПРЕЛИВ
½ чаша шеќер
4 лажици маргарин или масло
2 лажици соино млеко
2 лажици какао
2 лажички екстракт од ванила
Во сад измешајте ги шеќерот, брашното, какаото, ореви, солта и содата бикарбона, и добро промешајте. Потоа додадете вода, масло и ванила. Добиенoто мазно тесто нанесете го во намрсена и набрашнета тава. Печете околу 30 минути во загреана рерна на 180 степени.
Откако колачот ќе се излади направете го преливот. Во сад на оган ставете ги сите состојки и мешајте постојано додека се поврзат во хомогена смеса. Прелијте го колачот, оставете го да се излади, исечете го на парчиња и декорирајте.