Синоќа околу 19:30 часот на крстосницата од улиците „Борис Кидрич“ и “Крушевска“ во Прилеп, З.М.(54) управувајќи патничко моторно возило „Тојота Авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата пензионери од Прилеп.
Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што е пренесена во Општа болница Прилеп. На местото на настанот е извршен увид.