Предлог за лесен ручек или вечера: Салата со макарони и јајца

Искористете ги велигденските јајца за да направите вкусна салата.
За љубителите на оброк-салати ја препорачуваме оваа вкусна салата која се прави со макарони, јајца, сирење и шунка. Овие состојки најверојатно ги имате дома.
Состојки:
3 варени јајца
300 гр. макарони
100 гр. сирење
100 гр. шунка
Мајонез
Павлака
Сенф
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги макароните, исечете ги јајцата на коцки, како и сирењето и шунката.
Измешајте ги сите состојки и зачинете со прелив направен од мајонез, чаша кисела павлака и две лажици сенф. Зачинете со сол и бибер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.