Кога имате испитна сесија и немате време да одите до менза за да појадувате, бидете храбри и обидете се самите да го зготвите својот појадок од соништата.
За денес ние ви издвоуваме предлог рецепти кои што нема да ве чинат многу, лесни се за подготвување, а се истовремено вкусни.
Овесни снегулки
Предлог комбинации на храна за вкусна овесна каша
– кефир + незасладен какао во прав + мелено семе од лен + суво овошје – ова е најдобра комбинација за губење на килограмите и забрзување на метаболизмот. Првите неколку пати можеби ќе имате чудно чувство во стомакот, но потоа ќе почувствувате многу подобро!
– јогурт + банана + киви / јаболки / бадеми + семе од лен – во оваа комбинација можете да одберете плодови по ваш избор.
Колку повеќе видови, толку е поголемо снабдување на организмот со енергија и долго ќе имате чувство на ситост.
Здрави сендвичи
Да, навистина постои и таква опција. За основата на сендвичите важно е да се одбере соодветна храна.
сирење + краставица / домат / зелена салата + два зготвени јајца + сенф + бибер + ‘ржан леб
сирење + ајвар + пилешко месо + ‘ржан леб
домат + туна + ‘ржан леб
Овој вид на сендвичи се со многу ниска калориска вредност, а можат да ве задржат долго време сити.
Овошно смуди
Смуди од банана
смрзната презреана банана (исечкана на мали парчиња) + млеко со низок процент на масленост или обезмастено млеко + искршен мраз + 1 супена лажица мед
Измешајте ги сите состојки во блендер и оставете добро да се соединат.
Освежително смуди со јагода
јагоди + 1/2праска + соино или оризово млеко + коцки мраз