ПРЕП. ИСАКИЈ, ДАЛМАТ И ФАУСТ: Далмат со својот син единец Фауст отиде во обителта на св. Исакиј, каде обајцата примија монашки потстриг

Денеска е 3 август (по стар стил) и се слават Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст.

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (12 јуни). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест.

Но, кога во него се разбуди духот, тој презре се светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг.

Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на старецот Исакиј. И кога му се приближи смртниот час, старецот го постави Далмат за игумен наместо себеси.

Подоцна таа обител по него се нарече Далматска.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.