Љубовен број 8
( За родените на 8-ми, 17-ти и 26-ти во месецот)
Овие личности храбро и сериозно ги сфаќаат љубовните врски. Генерално осмиците се практични и стабилни луѓе. Во љубовта понекогаш пливаат спротивно на течението на реката. Нивната преокупација со работата и амбициите може да им ја уништи врската. Затоа им се препорачуваат партнери кои се исто така амбициозни. Ако личноста со која што се го нема истиот интензитет за работа како и тие, врската е осудена на пропаст уште од самиот почеток. Што се однесува на сексот, станува збор за индивидуи кои во потполност во љубовната игра.
Љубовен број 9
(За родените на 9-ти, 18-ти и 27-ми во месецот)
Деветките како љубовници се мошне посветени и трудољубиви. Сепак, нивниот мирен карактер најчесто е земен за готово, па не ретко завршуваат искористени. Многу се грижат за личноста со која започнале врска, но кога ќе им пукне филмот емоциите им наликуваат на вулканска ерупција. Имаат прекрасен магнетизам кој без проблем ги привлекува потенцијалните партнери кон нив. Може да дадат многу во една врска, сè додека не го поистоветат сексот со вистинска љубов. Повремено сакаат партнерот да им покаже дека сè уште е нивната сродна душа.