Во Штип најдени дрога и пиштол

МВР информира дека вчера во 16.40 часот во Штип, полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.П.(43) и М.П.(74), двајцата од Штип.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол со рамка со осум куршуми калибар 7,65 мм за кој не поседувале дозвола.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.