Дали ви се случува и вам да ви отечат прстите на рацете? Ако да, а не ја знаете причината, еве неколку можни.
Доколку консумирате многу сол и пресолена храна, рацете ќе ви отечат бидејќи телото го задржува вишокот на вода, а исто се случува и кај синдромот на карпален тунел. Всушност тоа е состојба што и се случува на телото тогаш кога нервот од подлактицата до дланката е затегнат на местото на зглобот на раката. Исто така, симптом на остеоартритис, што е еден облик на артритис, е отеченост на зглобовите. И топлината делува на прстите така што стануваат отечени, бидејќи вените се шират, но таква отеченост се губи набрзо и отокот спласнува.
Исто така и пореметувањето на прееклампсија предизвикува отеченост на прстите и е типичен за трудниците кои имаат околу 40 години и носат близнаци. Отеченост ќе се случи и доколку имате лимфедем, што е слаб проток на лимфната течност. Кај Рајнаудовата болест, артериите се стеснуваат со што ја пореметуваат циркулацијата на телото што доведува до чувство на студ, а кога луѓето со таа болест ќе се обидат да се стоплат, прстите отекуваат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.