Пробајте ги овие лиснати пакетчиња со шунка!

Овие крцкави солени залачиња се идеални за појадок, вечера или како предјадење
Состојки:
500 г замрзнато лиснато тесто
12 правоаголни листови шунка
200 г моцарела
1 јајце
сусам


Приготвување:
1. Лиснатото тесто се одмрзнува, па половина се префрла на набрашнета работна масичка. Се сука со сукало во квадрат, со дебелина од 3 мм, па се сече на 6 помали квадрати.
2. Моцарелата се сече на 12 крукчиња. На средишниот дел на секој лист шунка се става крукче моцарела и се обложува со краевите на шунката за да се обликува пакетче.
3. По едно пакетче од шунка и сирење се става на секој квадрат тесто. Потоа тестото се превиткува наполу, а краевите се притискаат со виљушка да се залепат. Вишокот тесто се отстранува.
4. Лиснатите пакетчиња се поставуваат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со изматено јајце и се посипуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека заруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.