Проблеми во однесувањето на децата што не треба да се игнорираат

Има неколку проблеми во однесувањето на детето што, ако се појават, родителите не треба да ги занемарат, бидејќи може да се претворат во многу поголеми проблеми. Следат три примери.

Ако возрасниот забележи дека, на пр., детето често лаже или ги преувеличува нештата – има причина за грижи. Штом ќе потпорасне, детето ги надминува детските невини „мали лаги“ и стремежот е – вистината, дури и ако тоа значи дека ќе трпи последици. Ако не го научи ова, тој / таа ќе има проблеми во односот со наставниците и другите деца на училиште, на улица итн.

реклама

Како второ, многу е иритирачки кога детето слуша што му се зборува, но се преправа дека не слуша. Ова може да стане проблем кога ќе избере целосно да го игнорира родителот. Ако на пр. знае дека постојано ќе биде потсетуван /-а, детето натаму губи мотив уште првиот пат да го ислуша возрасниот.

Ако не го направи тоа што го побарано од него / неа, објаснете му / ѝ дека ќе следи казна (се разбира, без удирање, викање и сл.). На крајот, детето ќе сфати дека тн. „селективно слушање“ просто не води никаде.

реклама

Натаму, детето честопати мисли дека она што има да го каже е „најважното на светот“. Тој / таа во тој случај не сфаќа дека другите луѓе можеби имаат потреби што се исто толку важни.

Повторно, ова однесување е прифатливо кога детето е мало, но ако тоа продолжи и кога ќе порасне, најверојатно цел живот ќе го мине мислејќи дека секогаш треба да биде пред другите. Затоа е важно да се воспостави некој вид сигнал, благодарение на што детето ќе знае кога треба да застане и почека. Тоа може да е и рака на рамо или сличен потег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.