Падот на активностите во производниот сектор во еврозоната во февруари продолжи деветнаесетти месец по ред, иако со нешто побавно темпо, и покрај стабилизацијата во германската економија, покажаа податоците на Markit, објавени во петокот.Индексот на менаџери за набавка (PMI) за производниот сектор, кој го изработува лондонската истражувачка куќа, во февруари се задржа на 47,9 поени, колку што изнесуваше и во јануари.Индексот и натаму е под границата од 50 поени, која означува пад на активностите, каде се наоѓа веќе 19 месец последователно.Се чини дека еврозоната не се доближува кон излез од кризата, со оглед и на се подлабокиот јаз меѓу економиите на нејзините членки. Враќањето во закрепнување на германската економија, најголема во еврозоната, е поништено од слабата изведба на производниот сектор во Франција, втората по големина економија во еврозоната.Германскиот производен сектор во февруари забележа раст, прв пат од минатогодишниот февруари.Наспроти Германија, производствениот сектор во Франција продолжи да се намалува веќе цела година.Германскиот PMI индекс скокна в февруари на 50,3 поени и е на највисоко ниво за последните 13 месеци. Подобра од Германија единствено беше Ирска чиј индекс изнесува 51,5 поени.Францускиот индекс е меѓу најлошите со 43,9 поени, а единствено полош е индексот на Грција, кој изнесува 43 поени. Шпанскиот индекс, пак, достигна највисоко ниво во последните 20 месеци и изнесува 46,8 поени, додека италијанскиот индекс е влошен на 45,8 поени.
МакфаксПадот на активностите во производниот сектор во еврозоната во февруари продолжи деветнаесетти месец по ред, иако