По долгите зимски денови конечно доаѓа пролетната сезона. Деновите се сè подолги и потопли, но без оглед на убавото време кое нè очекува, во текот на првите денови од пролетта многумина чувствуваат умор и главоболки, а некои дури имаат и проблем со дигестијата.
Тоа е обично последица на намалениот внес на свежо овошје и зеленчук, како и консумирање на храна која потешко се вари во текот на зимските месеци.
Токму затоа од големо значење е да го поттикнете метаболизмот и да го исчистите од наталожените токсини, а пролетта е идеално време за тоа.
За време на детоксикацијата треба да внесувате повеќе овошје и зеленчук, а оваа пролетна салата е идеална за тоа. Сите нејзини состојки спаѓаат во категоријата на детокс намирници, а преливот од маслиново масло, лук, лимон, ѓумбир и куркума, освен што го чисти организмот, го поттикнува и губењето на вишокот килограми.
Состојки:
2 шолји варен бел грав, половина главица марула, една свежа црвена пиперка и едно авокадо.
За прелив: ¼ шолја маслиново масло, 1 чешне лук, свежо исцеден сок од половина лимон, парче корен од ѓумбир, една лажичка хималајска сол и половина лажичка куркума во прав.
Припрема:
Во еден сад, направете го преливот за салата – помешајте маслиново масло, сок од лимон, сол и куркума, а потоа додадете го ситно ренданиот корен од ѓумбир и изгмечениот лук. Помешајте и оставете настрана.
Во друг сад, ставете го белиот грав, зелената салата исечкана на ленти и црвената пиперка и авокадо на парчиња. Потоа, додадете го преливот и добро промешајте.
Пред консумирање, додадете една лажичка сусам во салатата и уживајте!