Времето денеска ќе биде променливо облачно со почести сончеви периоди на североисток. Ќе дува умерен до повремено засилен југоисточен ветер најизразен на југозапад и долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди попладне, а преку денот ветерот од јужен правец ќе засилува. Температурата ќе биде во интервал од четири до 24 степени.
Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, до повремено (особено утре и во вторник) засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината.
Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд.