Проникнат компир: Да се јаде или не?

Компирите се храна која речиси секогаш ја имаме дома бидејќи се практични, можат да се приготват на многу начини, а во исто време се вкусни и даваат многу енергија. Ако ги чувате на темно и ладно место, ќе останат свежи подолго, но ретко кому му се случило компирот да никне пред употреба, особено затоа што најчесто живееме во станови и немаме можност да го чуваме на ладно место.
Обично го игнорираме фактот дека проникнал. Едноставно ги отстрануваме никулците и го подготвуваме како што сме замислиле. Сепак, не секој проникнат компир може да се јаде. На што да се обрне внимание?


Потребно е да се процени колку никнале компирите – дали никулците се кратки и ги нема многу или веќе многу пораснале. Колку повеќе се, толку повеќе има соланин во компирот, малку токсична супстанца која кај луѓето може да предизвика симптоми како што се главоболки, дијареа и повраќање.
Ако никулците никнале и покрај соодветното складирање, најдобро е повнимателно да ги прегледате компирите. Ако кртулата освен што има никулци е мека и збрчкана, голема е веројатноста дека содржи голема количина соланин и не треба повеќе да се јаде. Но, ако компирот е сè уште тврд и има свој облик, а проникнал само на неколку места, слободно продолжете да го јадете.
Едно е јасно – никулците, како и деловите од компирите кои се зелени, треба да се отстранат. Тогаш нема опасност по здравјето, дури и со проникнати компири.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.