Испржете ги јајцата, помешајте ги со малку варен грав, сирење и зеленчук па со оваа смеса завиткајте ги тортиљите. Доколку немате време да појадувате дома, можете да ги завиткате тортиљите во фолија и да ги однесете на работа.
Потребни состојки за едно лице:
1 голема тортиља
2 јајца
75 грама конзервиран грав
50 грама рендано сирење по желба
2 лажици кечап
сол и бибер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја тортиљата во тава.
- Испржете ги јајцата како кајгана и префрлете ги на тортиљата.
- Конзервираниот грав измешајте го со кечап и додадете го во јајцата. Врз оваа смеса додадете и рендано сирење.
- По желба можете да додадете и рендана зелка, шери домати, пиперки, кромид, маслинки, авокадо или друг зеленчук.
- Завиткајте ги сите состојки во тортиљата. На здравје!